Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност

484

За денеска е закажана итна седница на Советот за национална безбедност, соопшти канцеларијата на српскиот претседател Александар Вучиќ за односи со медиумите.

Седницата е закажана за 17 часот во зградата на Генералниот секретаријат на предлог на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ќе претседава со неа.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска е прогласен за виновен по обвинението за непочитување на одлуките на високиот претставник на БиХ.

Иако во соопштението за седницата на Советот не е наведено за што ќе се разговара, медиумите пресудата за Додик  ја ставаат во тој контекст.

Изречена е пресудата: Додик е прогласен за виновен

ИЗДВОЕНИ