Србија во петок се соочува со ризик да го изгуби пристапот до сурова нафта од извоз, откако пропаднаа преговорите за спречување на санкциите за единствената рафинерија во земјата, изјави претседателот Александар Вучиќ за „Фајненшл тајмс“, пренесува Радио телевизија на Србија.
Изземањето од санкциите истекува на полноќ, а доколку не биде продолжено, НИС, кој е во мнозинска сопственост на руски „Гаспромњефт и Гаспром“, би можел да се соочи со прекин во снабдувањето со сурова нафта.
Како што пишува „Фајненшл тајмс“, НИС управува со единствената рафинерија за нафта во Србија, со капацитет од 4,8 милиони тони годишно, која задоволува најголем дел од домашните потреби.
Вучиќ изјави за „Фајненшл тајмс“ дека не очекува договор во последен момент.
„Разговаравме со Американците, со Русите, со сите, за да најдеме решение. Не видовме промена во ставот на Американците“, нагласи Вучиќ.