Вучиќ: Србија никогаш нема да го поддржи апсењето на Додик, Вишковиќ и Стевандиќ

21

Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи откако Судот на Босна и Херцеговина издаде налог за апсење на претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ.

„Србија секогаш ќе се бори за мир, ќе го зачува мирот, ќе го почитува Дејтонскиот мировен договор, но и ќе застане со Република Српска и нејзиното раководство, бидејќи нема земја во светот во 21 век каде што претседателите на ентитетите се принудени да одат во затвор “, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека „затоа, никогаш не ни било поважно за сите нас, за сите наши граѓани, за целиот наш народ, да бидеме обединети и да се бориме против оние кои сакаат да ни ја уништат иднината и кои сакаат да не спречат да имаме свое име и презиме со кое отсекогаш сме се гордееле, туку повеќе да ни диктира како и што да правиме, и секако да ја укинеме нашата слобода“.

„Србија никогаш нема да го поддржи апсењето на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на парламентот на Република Српска, Ненад Стевандиќ, особено не поради политичките несогласувања со официјалното Сараево и претставниците на меѓународната заедница, и ќе стои цврсто со својот народ. Да живее Србија!“, рече Вучиќ!

ИЗДВОЕНИ