Вучиќ: Србија мора да добие само српска влада, не ни требаат влади наметнати однадвор

21

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека е „непоколеблив“ во својата проценка дека Србија може и мора да има само српска влада, доколку е можно, нагласувајќи дека на Србија не и се потребни влади наметнати однадвор.

„Ако не, тогаш е време за нови избори. Не ни требаат влади наметнати однадвор и влади наметнати без избори и без волја на народот. Јас ќе останам цврст, ќе останам силен за вас, граѓаните на Србија, затоа што вие ме избравте и никогаш нема да се откажам од успешна и прогресивна Србија“, напиша Вучиќ во објавата на Инстаграм на профилот „будуќностсрбијеав“.

Тој во видеообраќање им се заблагодари на сите што вчера и денеска учествуваа во протестите и блокадите во Нови Сад, но, како што вели, и на огромниот број граѓани кои не се согласуваат со содржината на тие протести, а кои, нагласува, чекале мирно, трпеливо и толерантно прекинување и завршување на демонстрациите.

ИЗДВОЕНИ