Вучиќ: Срамни се обвинувањата дека употребивме звучен топ, припадниците на „Кобра“ користеа обични антидрон пушки

1215
screenshot Tanjug video

Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното обраќање истакна дека се срамни обвинувањата оти државата употребила звучен топ за време на вчерашниот  студентски протест, додавајќи дека припадниците на специјалните сили во рацете имаат „обични антидрон пушки“.

За време на обраќањето Вучиќ рече дека звучниот топ произведува непријатен звук кој предизвикува гадење и дека овој уред не бил користен.

„Срамни се обвиненијата дека некој употребил звучен топ, покажувајќи војници од специјалните единици „Кобра“ велејќи дека држат звучен топ во рацете, а всушност тоа е обична пушка против дрон“, рече српскиот претседател.

Воен аналитичар: 15 минутниот молк прекинат со „звучен топ“! Српското МВР демантира – не сме користеле

Зборувајќи за инцидентите на митингот, Вучиќ рече дека имало неколку напади врз полицајци, но дека припадниците на МВР не реагирале и „трпеле“.

„Денес не кренавме пендрак. Горд сум на нашата полиција и безбедносни служби, безбедноста беше обезбедена за сите учесници. Тие ја завршија својата работа професионално и одговорно“, рече Вучиќ.

Тој рече дека во Пионерскиот парк Пионер биле фрлени повеќе од 60 топовски удари, а уништени се повеќе од 100 трактори кои биле околу тој парк.

„Да не беа таму, тешко ќе се спречеше крвопролевањето. Тракторите се таму за да го запрат бранот и да спречат конфликт со децата во Пионерскиот парк. Домаќините ги загубија тракторите, сите што ги уништија тракторите ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека повеќето студенти во блокада не сакале инциденти, но дека изгубиле контрола над собирот.

Вучиќ: Власта добро ја разбра пораката од протестите, ќе мора нешто да промениме

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека власта добро ја сфатила пораката од протестот, наведувајќи дека ќе мора нешто да сменат.

„Што се однесува до политиката, ние работиме добро, без разлика колку чинеше сето ова, колку пари беа вложени, добро ја разбравме пораката и сите луѓе на власт мора да ја разберат пораката кога многу народ ќе се собере околу нив, а ние ќе треба да се промениме и да научиме многу од тоа. Од друга страна се надевам дека исто така сфатија дека мнозинството Срби не сакаат шарена револуција“, рече Вучиќ на прес конференцијата во Палата Србија.

Вучиќ ги повика студентите „добро и искрено, без притисок од лажни експертски групи и професори со политички амбиции“, да ги анализираат првите три барања и да видат дека се исполнети, додавајќи дека жали што го исполнил третото барање.

„Ова трае четири и пол месеци. Граѓаните можеа да видат дека на оние што го организираа ова, особено на опозицијата, не им беше многу грижа за трагедијата. Да не го откриевме оружјето кај Абердарева, како и плановите на новосадската група, кој знае како ќе завршеше ова. Не сме сигурни дека откривме сè. Се сомневаме дека има еден стан каде припадници на една криминална група криеле оружје“, оцени тој.

„Благодарам и на огромен дел од Србија, на милиони луѓе кои со загриженост го следеа сето ова, кои покажаа трпение и толеранција и покажаа дека знаат да ги слушнат и слушаат барањата на другата страна. Ние не извадивме тенкови или водени топови, а вие го слушавте сето тоа. Се обидуваме да покажеме дека сме подемократски од оние што ни солат памет“, додаде Вучиќ.

ИЗДВОЕНИ