Вучиќ со бизарно видео налути многумина: „Ќе бидам помалку дебел – тоа е поради калинката“/ВИДЕО

604

Александар Вучиќ го привлече вниманието на социјалните мрежи, овој пат со своето необично видео на TikTok. Додека во Србија продолжува бранот протести, предизвикани од уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, во која загинаа 16 лица, српскиот претседател објави дека одлучил да го промени својот изглед и расположение – со конзумирање калинки.

Во видеото кое, очекувано, налути многумина, Вучиќ се пошегува на своја сметка, коментирајќи дека изгледа „како поплава да го однела“, па, како што вели, решил да направи нешто околу тоа.

„Луѓето велат дека е мрзлив, има темни кругови до брадата, дека е дебел… Решив да го поправам сето тоа… Ќе бидам помалку дебел. Да ми кажеше некој во животот дека ќе јадам калинки, немаше да им верувам“, вели тој на почетокот на видеото.

@jasamaleksandar U naru je spas. Biću mlađi, manje debeo i nasmejaniji. 🥲 #jasamaleksandar ♬ original sound – Ja sam Aleksandar

„Ова е најдобриот начин за мене. Убава лажица. Велат дека го намалува крвниот притисок и сè друго. Не верувам во ништо, но бидејќи сфатив дека сите разбраа колку лошо изгледам и каква лоша енергија ширам, решив да го сменам сето тоа. Затоа, калинка. Утре кога ќе ме видите како се смеам во Брисел со Фон дер Лајен и со Коста, немојте да мислите дека се смеам како луд на брашно. Тоа е поради калинката“, изјави Вучиќ.

Неговото видео набргу стана вирално, а коментарите се очекувани.

„Првин среди ја државата“, „Човеку, навистина не разбираш ништо?!“, „Половина од твојата земја нема пари за таа калинка. Сигурно не знаевте, па само да ве известам“, „И моите деца би јаделе калинки, но тоа е скапо за нас“, се само дел од коментарите на жителите на Србија.

„Вака изгледам кога ги игнорирам сите проблеми околу мене“, се пошегувал еден корисник на „Тик-ток“, а друг додал: „Дали е реален? Ова е срамота“.

ИЗДВОЕНИ