Српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани граѓаните на големиот митинг на Движењето за народот и државата што ќе се одржи од 11 до 13 април во Белград. Централниот настан ќе биде на 12 април, со почеток во 19 часот, кога Вучиќ, како што најави, ќе изнесе барања кои ќе бидат „усогласени со Уставот“.
„Централниот митинг е на 12-ти, од 19 часот. Ги поканувам сите политички партии, сите движења. Поканувам работници, селани, домаќини, домаќинки … Ги поканувам нашите пензионери. Најпрво ги поканувам младите од Србија. Ги поканувам сите луѓе кои сакаат да ја заштитат, заштитат и бранат Србија“, рече тој во видеопораката на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Вучиќ најави дека за време на митингот на платото пред Домот на народното собрание ќе биде испратена заедничка порака и дека по тој повод ќе ги изнесат своите барања. „Барања кои се во согласност со Уставот, барања кои се сериозни и кои ја претставуваат волјата на одговорните луѓе во нашата земја, волјата на мнозинството во Србија“, рече тој.