Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска оцени дека има „значителен пад на поддршката“ за протестите што се одржуваат низ цела Србија и дека „сега треба да дојдат од цела Србија на едно место за да направат големи случувања“, како што е случајот денеска во Ниш.
Тој порача и дека „нема да дозволи власта да се бира на улица додека е жив“.
„Се разбира, следи радикализација, бидејќи кога ќе забележите пад на поддршката, треба да одите во екстремизам и да правите погрешни работи: да ги напаѓате луѓето кои мислат поинаку, да одите на наводно освојување институции и сите други незаконски работи“, рече Вучиќ.
Како што додаде тој, на оние што протестираат „им снема трпение и ќе побрзаат со такви акции“.
„На крајот на краиштата, ова има една добра работа: и покрај тоа што е многу лошо затоа што некој сакаше да изгради нов украински Мајдан, ако го направи тоа што е можно поскоро, тогаш тоа ќе престане и ќе заврши што е можно поскоро“, рече Вучиќ.