Вучиќ: Погрешив што помилував некои луѓе, горко се каам и ќе се каам цел живот

1539

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека неодамна направил голема грешка што го исполнил третото барање на студентите во блокадата, кога помилувал некои луѓе и изјавил дека тоа го направил затоа што сметал дека е исклучително важно да се излезе од ситуацијата во која се нашле.

– Направив нешто за што горко се каам и ќе се каам цел живот. Не сум донел одлука за помилување на ниту едно лице во изминатите осум години, откако сум претседател. Донесов одлука за помилување, за неможност за кривично гонење на 12 лица и ја направив најголемата грешка откако бев претседател. Не затоа што имам нешто против тие луѓе, против таа жена што е гол криминалец, и ги води демонстрациите во Ниш, сопругата на Бане Банана, која има поскапи чанти од мене во животот и се преправа дека е голема револуционерка, дали е декан на Филозофскиот факултет – рече тој во своето обраќање пред граѓаните.

Тој додаде дека жали што на барање на студентите го помилувал Дејан Багариќ, бидејќи тие рекле дека тој не го сторил делото и дека неправедно бил уапсен.

– Синоќа сфативме дека е многу праведно уапсен, тие самите се фалеле со своите злодела. Дадов помилување и неможност за натамошно кривично гонење на тоа лице за очигледни, недвосмислено сторени, тешки, кривични дела. Толку се каам што секоја недела до крајот на мојот мандат ќе им се извинувам на граѓаните на Србија за тоа што го направив, а не дадов, на пример, помилување на еден Перишиќ, а можеби и требаше – рече Вучиќ.

– Се извинувам, почитувани граѓани на Србија, на сите вас што претседателот не беше доволно храбар за вас, бидејќи сакав ова да не ни се случи – рече Вучиќ.

Тој додаде дека не давал помилување на некои други лица на кои можеби им било потребно, а ги помилувал оние кои не требало.

Вучиќ рече дека обвинителството побарало прибирање информации за лицата кои планирале рации и заземање институции, дека тие што се на територијата на Србија се уапсени, а другите ќе бидат кога ќе влезат на српска територија.

ИЗДВОЕНИ