Вучиќ побара од САД подолг рок пред воведувањето на санкциите: „Поместете го малку… 15-20 дена“

25

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска, по средбата со американскиот заменик државен секретар за управување и ресурси Ричард Верма, дека побарал подолг рок пред спроведувањето на американските санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС), кои беа воведени поради тоа што компанијата е во мнозинска сопственост на Русија.

Како што јави Танјуг, Вучиќ изразил уверување дека неговото барање ќе биде исполнето со разбирање од САД. Агенцијата јавува дека тој побарал „малку да се продолжат роковите…10, 15, 20 дена“.

Српската влада го продаде НИС на руски Газпромњефт во 2008 година. Според официјалните податоци, „Гаспром нефт„ и „Гаспром“ имаат 56,15 отсто сопственост, додека 29,87 отсто е во сопственост на државата Србија, а остатокот е во рацете на граѓаните, вработените и поранешните вработени и други.

Рокот за промена на сопственичката структура е 45 дена.

Не бевме цел, иако тоа ќе ни биде мала утеха“, изјави Вучиќ на заедничката прес-конференција со Верма во Белград, пренесува Танјуг.

Министерството за финансии на САД вчера ја стави НИС на листата на санкционирани физички лица и правни субјекти и рокот за промена на сопственичката структура е 45 дена.

По средбата со Вучиќ, Верма рече дека целта на санкциите е да се отстрани Русија од сопственичката структура на НИС, додека промената на сопственичката структура на НИС ќе доведе до повеќе мир во регионот и диверзификација на српските енергетски извори. Тој тврди дека Србија нема да трпи економски последици доколку ја отстрани Русија од сопственичката структура на Нафтената индустрија на Србија (НИС).

Тој го повтори ставот на Вашингтон дека санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија, наведувајќи дека НИС е само една од 2.000 компании во руска сопственост што САД ги ставиле на „црната листа“, пренесува агенцијата Бета.

Американскиот функционер рече дека НИС е најпрофитабилната компанија во Србија, но дека овој профит ја напушта земјата и дека Русија го користи за „финансирање на својата брутална агресија против Украина“.

ИЗДВОЕНИ