Вучиќ по вонредната седница на Владата: Момчињата кои вчера нападнаа студенти ѝ нанесоа огромна штета на државата

736

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и се обрати на јавноста по вонредната седница на Владата.

Седницата се одржа откако премиерот Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка.

– Со гордост можам да нагласам дека синоќа презентиравме важни работи за иднината на нашата држава, пред сѐ, во целост ги исполнивме сите барања што ги поставија студентите, завршивме работа која не е лесна. Решени се некои прашања кои ги нарушуваат моите принципи, а се однесуваат на помилувањата за кривично гонење. Ноќта на паркингот беше многу мирна, полицијата ги заштити сите. Задоволни сме со постигнатото.

– Синоќа се случи нешто скандалозно што не го разбираме, Милан и Милош не го разбраа. Момчињата ги бркале по улиците на Нови Сад, ја повредиле девојката. Добро е, утре со уште една интервенција ќе биде добро. Нанесоа огромна штета на државата.

Вучевиќ претходно денеска поднесе неотповиклива оставка од премиерската функција и рече дека ваквата одлука ја донел по синоќешните настани во Нови Сад кога беа нападнати студенти.

ИЗДВОЕНИ