Претседателот на Србија Александар Вучиќ организира вечера за синот на претседателот на САД, Доналд Трамп Помладиот, кој престојува во Белград.
„Многу странци, со право, велат дека сум тежок човек и дека не е лесно да се разговара со мене, но уште никој не кажал дека сме негостољубиви“, наведе Вучиќ на профилот на Интаграграм buducnostsrbijeav
View this post on Instagram
Претходно беше одржан состанок на српските бизнисмени и Доналд Трамп Помладиот.
Ова е втора негова посета во последните месец и пол.
Тој престојува во Белград од 11 март, кога го интервјуираше претседателот Вучиќ за својот подкаст.
Трамп Помладиот е претприемач и извршен потпретседател на „Организацијата Трамп“ пренесува Танјуг.