Вучиќ од Бања Лука: Го замолив Додик да покрене дијалог за мирно решавање на проблемот

702

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Бања Лука на итна средба со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Тој побара од Додик да ги покани на разговор сите политички актери од Република Српска.

– Да го замолам претседателот Додик да започне дијалог, да започне разговори, да ја покаже српското определување за мир, проблемите да ги решава со дијалог, а не со закани и уцени – рече Вучиќ.

Додик вели дека е отворен за дијалог за тоа како БиХ да стане уставна и одржлива за секого.

– Инсистирам на тоа што е наше и што ни го даде Уставот на Босна и Херцеговина и не бараме ништо повеќе. Сметаме дека БиХ може и треба да остане така – рече Додик.

ИЗДВОЕНИ