Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Србија на Генералното собрание на ОН гласала за европската резолуција за Украина, но оти смета дека направиле грешка и дека требало да бидат воздржани.
Српскиот претседател Александар Вучиќ им се извини на граѓаните за процедурата за гласање во Генералното собрание на ОН во врска со резолуцијата за Украина.
„Мислам дека Србија направи грешка денес. За тоа им се извинувам на граѓаните на Србија, а вината за тоа ја сносам јас, бидејќи веројатно сум уморен и оптоварен и не можам се да стигнам да направам“, рече Вучиќ гостувајќи во емисијата Ќирилица на ТВ Хепи.
„Објаснувањето што го добив по гласањето во ОН, каде за да бидеме јасни што е во прашање, гласавме за европската резолуција. Што се однесува до американската резолуција, гласавме точно како што треба, бевме воздржани. Според мене, требаше да бидеме воздржани по прашањето за европската резолуција. И како што гледате, ова го кажувам во време кога е сосема јасно дека поради тоа ќе изгубам наклонетост или политички поени во ЕУ. Верувам дека Србија мораше да биде воздржана“, рече Вучиќ.
Како што рече, нема никој друг да обвинува освен себеси.