Вучиќ најави протести против студентските протести

36

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави дека наскоро ќе следи „повик до луѓето ширум Србија да се борат за својата земја“, како што рече, преку мирни и демократски средства, а не со насилство.

„Отпорот, бунтот и незадоволството на народот од теророт на кој беа изложени луѓето во последните четири месеци расте и наскоро ќе има повик до луѓето, до луѓето низ Србија, да се борат за својата земја, да се борат за својата Србија, со мирни, демократски средства, а не со насилство и не на начинот на кој некои други го направија тоа“, рече Вучиќ во видео обраќање на Инстаграм, од општинсиот одбор на Српската напредна партија (СНС) во Земун, пренесе Анадолија.

Тој додаде дека синоќа добиле информација дека ќе бидат спречени „мирно да протестираат против нивниот терор“.

ИЗДВОЕНИ