Вучиќ: Можеби имало корупција, но настрешницата падна поради професионална грешка

57

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека настрешницата на железничката станица во Нови Сад, која се урна на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 15 лица, паднала поради професионална грешка, а не поради корупција.

„Можеби имало корупција, но тоа нема врска со настрешницата. Настрешницата паднала поради професионална грешка, не затоа што еден подизведувач платил повеќе или помалку на друг подизведувач“, изјави Вучиќ за телевизијата Инсајдер.

Во одговор на коментарот дека на денот на несреќата рекол дека настрешницата не била реконструирана, изјави дека не кажал дека не се работи на настрешницата, туку дека не е реконструирана во конструктивна смисла.

„Во структурална смисла, реконструкцијата не беше извршена. Да беше, немаше да се случи несреќата. Друга работа е што некои додадоа, за што не знаев, некое стакло за кое мислеа дека во никој случај не ја оптоварува настрешницата“, рече Вучиќ.

Тој повтори дека конструктивно, настрешницата не била реконструирана.

„Да беше, некој ќе ја провереше статичноста, корозијата на каблите… Дали некој сакаше да потроши помалку пари или зошто, не сакам да навлегувам во тоа, за да не обвинувам никого, тоа е работа на надлежните органи“, рече Вучиќ.

На прашањето за коментарот дека работата на настрешницата не е добро завршена, рече дека „секако дека не е добро направено“.

Тој рече дека не е негово да дејствува во име на обвинителството, додавајќи дека судството ќе каже кој е одговорен за се.

„Важно е да ги испитаме сите наши грешки, се што беше во процедурата, не само за да бидат казнети одговорните, туку такви појави никогаш, или како ретко, да се случат во иднина“, рече Вучиќ.

Тој рече и дека кој е виновен мора да одговара и да оди во затвор за тоа.

ИЗДВОЕНИ