Вучиќ ја доби организацијата, но Албанија последна се смее

69

Словенија неодамна беше домаќин на ЕП за фудбалери до 21-година, а сега на ред дојде и Србија. Точно, Србите ги здружија силите со Албанија, а УЕФА официјално одлучи тие две земји да бидат домаќини на престижниот турнир.

Србите и Албанците имаа корист од тоа што другите земји кандидати се откажаа, па на крајот УЕФА немаше премногу избор и се одлучи за единствената преостаната опција.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ пред извесно време триумфално најави дека финалето на турнирот ќе се игра во Белград на новиот национален стадион, но пристигна студен туш.

Албанското лоби беше очигледно посилно и УЕФА одлучи најважниот натпревар на турнирот, односно финалниот дуел да се игра во Тирана, а отворањето да биде во Србија.

Вучиќ сигурно не планирал вакво нешто бидејќи при поставувањето на камен-темелникот за изградба на новиот стадион го најави финалето во Белград.

„Со Албанија можеме да се пријавиме за ЕП до 21 година, за нив отворањето, за нас финалето“, изјави првиот човек на Србија во мај 2024 година.

На крајот Србите ја добија организацијата на ЕП, а шлагот на тортата отиде кај Албанците.

За да може стадионот да биде домаќин на финалето, мора да биде во употреба најмалку една година, што значи дека „орлите“ својот нов дом ќе го добијат најдоцна до летото 2026 година.

Така турнирот ќе биде отворен во Србија на стадионот „Караѓорѓе“, а во Србија натпреварите ќе се играат на три новоизградени стадиони, Дубочица (Лесковац), Лагатор (Лозница) и Краљевица (Заечар).

Освен во Тирана, Албанците ќе бидат домаќини и на стадионите во Скадар, Драч и Елбасан. Како што е познато, на турнирот ќе учествуваат вкупно 16 селекции, а загарантиран директен пласман имаат домаќините

На денешната ждрепка ќе има вкупно 51 селекција и тие ќе бидат поделени во девет групи, шест од шест екипи и три од пет екипи. Кога е во прашање младинската репрезентација на Македонија таа ќе биде во четвртиот шешир.

 

ИЗДВОЕНИ