Вучиќ и се обраќа на јавноста по масовниот протест/ВО ЖИВО

791

Српскиот претседател Александар Вучиќ во моментов се обраќа на јавноста по потенцијално најголемиот протест во историјата на земјата.

Вучиќ на почетокот на своето обраќање рече дека сака да го изрази своето задоволство што „се одржа голем протест, со огромна негативна енергија и гнев и бес изразен кон властите, без жртви или сериозни повредени“.

Вучиќ рече дека се повредени вкупно 56 лица, но дека никој не е тешко повреден. Уапсени се 22 лица.

„Проценките од нашите три различни служби се движат од воени, кои велат дека имало 88.000, до полицијата, чија конечна проценка е 107.000. БИА процени нешто измеѓу“, рече Вучиќ, додавајќи дека на протестот дошле изненадувачки број луѓе од внатрешноста, и од југот и од северот на земјата.

Вучиќ ги негираше обвинувањата дека на денешниот протест бил употребен звучен топ, нарекувајќи ги тврдењата срамни.

Студентите и граѓаните се спротивставуваат на неговиот режим со неколку барања – бараат одговорност за смртта на 15 лица во несреќата што се случи во Нови Сад, бараат поправедно и подобро општество без корупција, како и ефикасност на институциите без политички притисок и влијание.

ИЗДВОЕНИ