Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги повика сите студенти да се вратат на настава и истакна дека тоа ќе биде едно од суштинските барања на големиот народен собир в сабота на 12 април.
Вучиќ во видео објава на Инстаграм профилот buducnostsrbijeav нагласи и дека сите одговорни за насилството во земјата ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Како што рече, деновиве целата јавност е информирана како изгледаат познатите пленуми.
„Дека на нив зборуваат за извршување тешки кривични дела. Видовме дека платформата за насилство во Србија, United Media, ги повикува луѓето на насилство доколку нема влада по нивен избор, без разлика што немаат мнозинство, без разлика што ништо не би било во согласност со законот“, наведе Вучиќ.