Вучиќ: Д-р Ѓуро Мацут е предложен за мандатар на новата влада на Србија

103

Претседателот на Републиката Александар Вучиќ соопшти дека за новиот владин мандат е предложен д-р Ѓуро Мацут.

Инаку, премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка од таа функција на крајот на јануари, бидејќи сметаше дека објективно е одговорен за нападот врз студентите во Нови Сад.

На 19 март, Собранието на Србија ја констатираше оставката на Вучевиќ, со што беше урната актуелната влада на Србија.

Српската напредна партија (СНС) претходно објави дека имаат двајца конкурентски кандидати за функцијата мандатар.

Рокот за избор на нова влада е 18 април.

 

ИЗДВОЕНИ