Премиерот Милош Вучевиќ во 11 часот ќе одржи прес-конференција во врска со синоќешниот напад врз студенти во Нови Сад, во кој тешко беше повредена една студентка, неофицијално дознава „Блиц“.
Извор на Блиц од српската Влада тврди дека се уште не се знае што ќе каже Вучевиќ во своето обраќање до јавноста, но дека „поради објективна одговорност“ засега не е исклучено никакво сценарио – дури ни оставка на Милош Вучевиќ.
Студенти во Нови Сад нападнати со бејзбол палки – една девојка е со потешки повреди
Вчера пред граѓаните во врска со барањата на студентите и нивното исполнување се обратија српскиот претседател Александар Вучиќ, српскиот премиер Милош Вучевиќ и претседателката на Народното собрание Ана Брнабиќ.
Вучиќ синоќа изјави дека се исполнети сите четири барања на студентите во блокадата, при што детално кажа што е исполнето, а премиерот Милош Вучевиќ ги повика на средба сите декани, ректори, универзитетски професори и претставници на студентите, со цел разговараат за сите теми важни за целата заедница и за себе.