Премиерот во техничката валда Милош Вучевиќ утринава изјави дека во новата српска Влада, која ќе биде формирана до 18 април, ќе бидат вклучени и актуелните министри и многу нови имиња, додавајќи дека бројот на министерства ќе остане ист, бидејќи за промената ќе треба да се расправа за законите за влада и министерства.
„Не е сè така едноставно, (мандаарот) Ѓуро Мацут сега се соочува со големи предизвици, да ги вклучи сите, да слушне сè, да сублимира сè. Претседателот (Александар) Вучиќ и јас разговаравме неколку пати, (министерот за финансии) Синиша Мали исто така беше таму. Подготвен сум да споделам сè со кандидатот за премиер, рече Вучевиќ.
Вучевиќ смета дека во актуелната влада има луѓе кои заслужуваат да останат министри, но дека некои позиции треба да се освежат.
„Луѓето треба да разберат зошто некои министри се менуваат. Што се однесува до ресорите, тие остануваат на бројката што ја имаа досега. Затоа што тоа ќе бара измени на законот за влада и министерства“, рече Вучевиќ, претседател на Српската напредна партија.
Според Вучевиќ, новата влада треба да го започне својот мандат со оптимизам, а Мацут е најдоброто решение бидејќи нема траги од минатото и неговата предност е што не доаѓа од политиката.
„Му посакувам многу успех“, додаде Вучевиќ.
Вучевиќ изрази уверување дека претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, навреме ќе ја закаже собраниската седница, дека пратениците ќе можат активно да учествуваат, а мандатарот ќе може да го изнесе своето обраќање.
Вучевиќ оцени дека Мацут донел одлична одлука да не дава изјави за медиумите пред експозето, но дека и без тоа неговата политичка позиција е многу јасна во овој момент, бидејќи тоа го кажал неколку пати.