Вторпат во последните неколку недели: Папата Франциск падна и ја повреди раката

44

Папата Франциск, 88-годишниот поглавар на Католичката црква, утрово падна во неговата резиденција Каса Санта Марта, при што ја повреди десната рака. Според соопштението на Ватикан, папата се здобил со контузија на подлактицата, но без скршеница.

Прес-службата на Светата столица соопшти дека неговата рака е имобилизирана заради претпазливост, додека папата продолжува со редовните активности. И покрај повредата немало потреба од сериозни медицински интервенции, пренесува Индекс.

Ова е втор пад на папата Франциск во последните неколку недели.

На почетокот на декември, тој се здоби со голема модринка на брадата откако падна и удри во ноќна маса во текот на ноќта.

Папата Франциск долго време користи инвалидска количка поради проблеми со подвижноста предизвикани од болки во коленото, кои влијаеле на неговата подвижност.

ИЗДВОЕНИ