Второнаграден Генералниот урбанистички план на Крива Паланка

38

Генералниот урбанистички план за Градот Крива Паланка ја освои втората награда на традиционалната годишна манифестација „Меѓународен саем за урбанизам“, која се одржа по 33. пат, во Бијелина, од 8 до 13.11.2024 година и која е организирана од Здружението на урбанисти на Србија.

Автори на ГУП за Градот Крива Паланка (2019-2029) се: м-р Маја Доновски-Лукаревска, Боро Петковски, Ана Пижула-Ефкоски.

Генералниот урбанистички план за Градот Крива Паланка ја доби втората награда во категоријата Генерални урбанистички планови и Планови со генерална регулација, во конкуренција од осум доставени труда.

– Ова е доказ дека Градот Крива Паланка, конечно, доби квалитетен Генерален урбанистички план, од кој зависи неговиот иден развој – велат од локалната самоуправа.

Оваа манифестација претставува смотра на најзначајните актуелни остварувања во областа на просторното и на урбанистичкото планирање, урбанистичкото проектирање и реализацијата.

ИЗДВОЕНИ