Во Македонскиот народен театар вечерва се одржува втората Оскаровска Гала вечер.
На концертот публиката ужива во изведбата на песни кои влегле во филмската историја и биле номинирани и наградени со Оскар, исполнети од врвни македонски пејачи, Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска (South Park), Горан Наумовски, Денис Димоски, Дејан Бобиќ Дексо, Марија Димитријевиќ, Јасна Димитровска заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect под дригентската палка на Владимир Димовски и „Полифонија“.
Низ оскаровските приказни присутната публика ја води коментаторката на Оскаровското шоу и авторка на емисијата за филм „Во кадар“ на МТВ Миланка Рашиќ,
Настапите на балетските уметници Саша Ефтимова и Ендрју Кук, како и на танчерите од танц клубот Dancers United придонесуваат за оживување на филмската магија на сцената.
Фото: Ѕ.Плавевски