Илјадници луѓе протестираа вечерва во Истанбул поради апсењето на градоначалникот на Ток Екрем Имамоглу и покрај четиридневната забрана за демонстрации во градот, пренесува АП.
Протестите се одржуваат втора ноќ по ред, а вечерва на нив учествува и градоначалникот на турската престолнина Анкара, Мансур Јавас, кој ги повика опозициските сили на обединување „против неправдата“.
Полицијата запре група демонстранти кои се обидоа да се пробијат до централниот градски плоштад Таксим.