Уште една измама, втор случај за една недела во Куманово со биткоини, евидентира кумановската полиција. Педесет и деветгодишна кумановка пријавила дека била измамена од лице за сума од 88.338 денари, информираше денеска СВР Куманово.
Таа вчера го пријавила случајот во СВР Куманово, а претходно зела брз кредит за да ја добие ветената сума од наводната добивка од биткоините.
– Според пријавеното, лицето и се претставило дека е од „агенција за биткоини“ и ѝ кажало дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари и побарало од неа да му го даде бројот од нејзината трансакциска сметка за да ѝ ги префрли парите. Како што е пријавено, за да може да и ги префрли парите требало да има одредена сума пари на сметката, а откако пријавителката подигнала брз кредит парите и биле повлечени од сметката, но не добила надомест за биткоините, соопшти полицијата.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.
Кумановец земал брз кредит за биткоин, го “олесниле“ за 200.000 денари