Креативното студио „Комбо“, во својот двор го организира вториот „Маалски бувљак“ или Стар пазар в сабота, во 12 часот, во населбата Железара.
-Имаш работи што постојано ги преместуваш, но никогаш не ги користиш? Облека која „моли“ да ја носиш, но е заборавена и едноставно зафаќа простор? Распар чаши кои не виделе пијалок со години? Стари ЦД-а со музика која не е по твој вкус? Столче кое се крие во шпаизот? Време е да расчистиш! Изнајми место на 26 април и дади нов дом на твоите стари предмети – повикуваат организаторите.
Тие додаваат дека елементите кои ќе бидат изложени треба да бидат чисти (облеката испрана, елементите пребришани). Учесниците треба да пристигнат најдоцна до 11:00 часот за да успеат да се наместат пред да почне настанот.