„ВРСКИТЕ НЕ ВРАЌААТ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ“: Протест на местото каде што смртно настрада младата Фросина/ФОТОГАЛЕРИЈА

636

Протестен собир и блокада на булеварот „Партизански одреди“ се одржува на местото каде што во средата смртно беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова.

Граѓаните веќе се собираат на местото, а дел од насобраните палат свеќи и положуваат цвеќе на семафорите пред „Универзалната сала“.

Граѓаните во рацете носеа транспаренти со пораки што го одразуваат револтот: „Врските не враќаат човечки живот“, „Уште колку?“…споредувајќи ја оваа трагедија со несреќите на Викторија Николова и Фросина Цековска, кои исто така ги загубија животите на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Фото: Ѕ.Плавевски

Фросина беше прегазена на пешачки премин, на 29 јануари, петнаесетина минути пред полноќ. Девојката поминувала кога во неа удрил автомобил со кој управувал 20-годишниот Васил Јованов. Според наводите на Обвинителството, тој возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и поминал на црвено. За 20-годишникот е побаран притвор.

ИЗДВОЕНИ