Врие од телефони во Шутка

Пандов открива дека криминалци од затвор комадуваат со криминалните кланови

226

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов тврди дека во последните акции што ги напарвиле по македонските затвори откриле дека криминалци од зад решетки комадувале со бандите и клановите надвор. Тој упати остри критики за дел од затворскиот персонал во Шутка, нагласувајќи дека некои полицајци кои работат таму не треба да носат униформа, бидејќи го срамат целиот затворски систем. Според него, тие треба да бидат избркани и ако се фатат, ќе одговараат.

– Треба да им биде јасно дека сите до еден ќе бидат фатени и ќе бидат избркани од работа. Ќе се потрудам со цел мој авторитет којшто го имам тие да се најдат позади решетки, изјави Пандов

Директорот информираше дека е отворена дисциплинска постапка против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка, кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, возачот кој на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази Фросина Кулакова, се веќе покренати и завршени.

Пандов истакна дека по пронајдените телефони кај Васил Јованов, интервентна полиција извршила претрес во притворскиот дел на затворот, при што биле откриени 70 телефони. Контроли биле направени и три дена подоцна, кога повторно биле пронајдени уште 35 телефони. Во дополнителни контроли, извршени во полу-отворените и отворени одделенија, биле откриени околу 30 телефони.

– По откривањето на телефонот во Шутка, веќе следниот ден интервенцијата продолжила. При претресот во притворскиот дел биле пронајдени 70 телефони. Три дена подоцна, повторно направен е претрес и се откриени уште 35 телефони. Во понеделникот бевме во Штип и Струмица, но таму наоѓаме само три телефони, изјави Пандов, нагласувајќи дека бројките од Шутка го загрижуваат.

ИЗДВОЕНИ