Врие од специјалци пред седиштето на ЦИА – вооружен маж влегол внатре и им се заканувал на вработените ?

85
Фото:принтскрин

Седиштето на ЦИА е опколено од специјалисти со долги цевки и барикади, според информациите објавени од полицискиот оддел на округот Ферфакс.

„Во тек е инцидент на кој полицијата моментално реагира надвор од седиштето на ЦИА“, изјави портпаролот на ЦИА.

„Ќе објавиме дополнителни детали по потреба“, додаде тој.

„Во тек е инцидент на кој полицијата моментално реагира надвор од седиштето на ЦИА“, изјави портпаролот на ЦИА.
„Ќе објавиме дополнителни детали по потреба“, додаде тој.
На платформата „Х“ се шират информации дека вооружен маж влегол во седиштето на ЦИА и им се заканувал на вработените, но тоа не е официјално потврдено. Се споменува и дека со себе имал експлозивни направи, но ниту тоа не е потврдено.
Исто така, кружат информации дека ЦИА моментално е под опсада.
Наводно, едно лице дошло пред вратата на седиштето на ЦИА и упатило низа закани, потврдија претставници на ЦИА за „Еј-Ни-Си њуз“ (ABC News).
Во тек е истрага, со екипа на SWAT, полициски кучиња и тешко вооружени специјалци на лице место.

ИЗДВОЕНИ