Врховниот суд на Мексико ѝ нареди на зоолошката градина да обезбеди подобри услови за живот на најтажниот слон на светот

55

Врховниот суд на Мексико ѝ нареди на зоолошката градина Сан Хуан де Арагон во главниот град на земјата да ги засили напорите за подобрување на условите за живот и здравјето на Ели, „најтажниот слон на светот“.

Ова е прв пат да се донесе пресуда во корист на животно во Мексико, а експертите веруваат дека тоа може да биде преседан во оваа земја, признавајќи дека животните имаат права.

Застапниците тврдеа дека Ели страдала од депресија, особено по смртта на слонот Меги во 2016 година, како и од болест, пренесува АП.

Ели удираше во ѕидовите на нејзиното засолниште и почна да слабее, а активистите за правата на животните ја опишуваа како „најтажниот слон на светот“.

“Ели беше во ужасни услови. Верувам дека наскоро ќе умреше”, изјави Дијана Валенсија, основач и директор на групата за заштита на животните Opening Cages и Opening Minds.

Ели живее во зоолошката градина Сан Хуан де Арагон во Мексико Сити веќе 13 години откако беше спасена од циркус, а официјалните лица тврдат дека таа станала помалку депресивна откако други слонови биле сместени во нејзиниот дом.

ИЗДВОЕНИ