Врховниот лидер на Иран нареди темелна истрага за причините за експлозијата во пристаништето

125

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи нареди „темелна истрага“ вечерва за причините за експлозијата на големото иранско пристаниште, во која загинаа најмалку 40 луѓе, а повеќе од 1.000 беа повредени.

„Безбедносните и судските службеници се обврзани да спроведат темелна истрага за да откријат невнимание или намера“ во предизвикувањето на експлозијата, рече Хамнеи во изјавата прочитана на државната телевизија.

„Досега, 40 лица загинаа од повредите предизвикани од експлозијата“, изјави за новинарите претходно денеска Мохамад Ашури, шеф на провинцијата Хормозган (југ), каде се наоѓа пристаништето Шахид Раџаи, во близина на крајбрежниот град Бандар Абас.

Експлозијата најверојатно се случила поради пожар во магацин на опасни и хемиски материи, се наведува во соопштението на царинската служба.

Експлозијата се случи во саботата додека иранските и американските делегации одржуваа трет круг разговори за иранската нуклеарна програма во Оман.

ИЗДВОЕНИ