Кошаркарот на Панатинаикос, Хуанчо Ернангомес, е многу приврзан за Матијас Лесор, кој заздравува од тешката повреда со која се здоби во текот на евролигашки натпревар.

Ернангомес беше веднаш до Лесор на теренот кога го повреди зглобот против Басконија, кога лошо нагази и практично му излезе стапалото од чашката, а потоа почна да завива од болки.

  • Толку многу го сакам Матијас. Знам дека помина низ сето тоа во својата кариера. Знам колку напорно се трудеше да биде таму каде што е. Тој ми е брат, имав многу повреди, па знам како е сето тоа – истакна Ернангомез.

Шпанецот потоа раскажа како се чувствувал во моментите кога лежеше Лесор на паркетот.

  • Тој крик ме уби, ми ги уби емоциите, бидејќи сакам да се борам со него. Тоа беше навистина тежок момент. Мораме да победиме за него. Ако не игра, ни треба како личност. Мораме да се бориме за нашиот брат – додаде Хуанчо.

Ернангомез се осврна и на љубовта што ја чувствува од навивачите на „зелените“.

  • Отсекогаш сум ја чувствувал љубовта. Имавме навистина успешна година и тука сме да направиме нешто. Среќен сум поради љубовта што ја чувствувам од градот, навивачите, тимот – вели Шпанецот.

Панатинаикос е при самиот врв на табелата во Евролигата.

  • Во моментов сме во многу добра ситуација. Знаеме дека имаме притисок да победуваме на секој натпревар, бидејќи ние сме најдобриот тим во Европа за минатата сезона – заврши Ернангомес.

ИЗДВОЕНИ