Времето се расипува: Медитерански циклон ни носи пороен дожд и локално невреме

63

Почнувајќи од вчера, па речиси до крајот на оваа недела под влијание на циклонска активност над Медитеранот, во нашата Република Македонија ќе има честа појава на повремени врнежи од дожд, и истите на повеќе места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност, најави Славчо Попоски.

Локално Атмосферските процеси ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни и проследени со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и со услови за појава на град.

И во Скопскиот регион следува многу променливо време со повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. И во делови од Скопската котлина е можна појава на невреме.

Температурите и поркај ова остануваат без некоја поголема промена во однос на оние кои ги имаме сега, што значи продолжува топлото време, а барем одсега гледано, позначителен пад на температурите ќе имаме за време на следниот викенд.

Во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува присуство на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер авотмобилите да се зашитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат во близина на дрвјата, апелира метеорологот.

ИЗДВОЕНИ