ВРЕМЕТО ИСТЕКУВА: Што се случува на Блискиот Исток?

114

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска разговараше со лидерите на Франција, Германија, Италија и Велика Британија за намалување на тензиите на Блискиот Исток и прекин на огнот во Појасот Газа, објави портпаролот на Белата куќа.

Во заедничката изјава објавена денеска од Белата куќа, лидерите на сите пет земји изразија поддршка за апелот на САД, Катар и Египет да ги обноват преговорите за прекин на огнот во Газа со цел што поскоро да се постигне договор, пренесува Ројтерс.

„Се нагласува дека нема повеќе време за губење“, се вели во соопштението, во кое се изразува поддршка за Израел во случај на каква било иранска закана, а се апелира за испорака и дистрибуција на помош за жителите на Појасот Газа.