За време на овој викенд, особено во недела (16 март) и во понеделник (17 март) и тоа поради влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за локална појава на град и поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме, најави Славчо Попоски.
И во делови од Скопскиот регион за време на овој период ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие од недела (16 март) ќе започнат да опаѓаат, па така во понеделник на планините со надморска височина од над 1500 / 1600 метри ќе има појава на повремен снег.
Најтопло ќе биде утре (сабота 15 март) кога температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, а на многу места тие ќе се искачат до околу, па и над 25 степени, а во Повардарието истите ќе се искачат дури до околу 30 степени.
До вторник (18 март) температурите очекувам да бидат пониски од сегашните дури и за повеќе од 20 степени, што значи дека зимата и многу ниските температури ни се враќаат на голема врата, а со овој многу ладен продор од север ќе дува силен северен ветер, проследен со локални врнежи кои ќе преминуваат во снег, вели Попоски.