Време е за „стотката“ на Ѓоковиќ: Вечерва финале во Мајами!

186
EPA-EFE/CJ GUNTHER

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е на чекор до освојување на 100. трофеј во кариерата.

Тој вечерва (недела 30 март) од 20 часот ќе го игра финалето на Мастерсот во Мајами, а противник му е Чехот Јакуб Меншик.

Ѓоковиќ на турнирот стигна без изгубен сет, а особено импресивен беше финалниот меч. Григор Димитров е поразен со 6:2 и 6:3 по нешто повеќе од еден час игра.

Од друга страна, патот на Меншиков беше потежок. На противниците им дозволи два сета, за во полуфиналето да го изненади Тејлор Фриц (7:6,4:6,7:6).

Србинот и Чехот досега се сретнале само еднаш, а Србинот победи на Мастерсот во Шангај (6:7,6:1,6:4).

ИЗДВОЕНИ