Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави дека рокот за поднесување е до 27. јануари 2025 година.

До денес, од вкупно 41.531  очекувани ДДВ – 04 пријави, поднесени се 6.253 пријави, што претставува само 15,1% од вкупниот број. Остануваат уште 35.278 ДДВ – 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите денови.

– Апелираме да бидете одговорни даночни обврзници и да ги доставите сите потребни документи до вашите сметководители, со цел навремено и точно да се обработат вашите ДДВ -04 пријави за овој даночен период – велат од УЈП.

 

 

ИЗДВОЕНИ