Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика началниците на Генералштабот на армиите од околу 30 земји, на состанокот во Париз, да почнат да развиваат „план за дефинирање веродостојни безбедносни гаранции за Украина“ во случај на мировен договор со Русија, објави Елисејската палата.
„Во услови на забрзани мировни преговори, Макрон смета дека сега е неопходно „да се премине од концепт во план“ со цел да се дефинираат веродостојни безбедносни гаранции, за да биде можен цврст и траен мир во Украина“, се вели во соопштението на француското претседателство.
Се додава дека учесниците на средбата се согласиле дека безбедносните гаранции не треба да се одвојуваат од НАТО и неговите капацитети, во време кога се случува приближувањето меѓу Вашингтон и Москва.