epaselect epa11950481 Novak Djokovic of Serbia in action against Botic Van de Zandschulp of the Netherlands during their men's second round match at the BNP Paribas Open tennis tournament in Indian Wells, California, USA, 08 March 2025. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е поразен во второто коло на Индијан Велс од Ботик ван де Зандшулп во три сета со 6:2, 3:6, 6:1.

Новак Ѓоковиќ за прв пат по 2018 година загуби во првиот меч на првиот Мастерс во сезоната. Но, она што загрижува е што втора година по ред губи во Индијан Велс од „лаки лузер“. Ѓоковиќ е далеку од вистинската форма, претходно го загуби и првиот меч на турнирот во Доха од Матео Беретини. .

Ван де Зандшулп целосно ја заслужи победата. Во првиот сет тој ги казни сите грешки на противникот. Само во вториот сет најдобриот во историјата покажа дел од играта што го карактеризираше во поголемиот дел од неговата кариера и го доби сетот. Интензитеот во играта на Ѓоковиќ падна во третиот сет, а Ботик полн со самодоверба „леташе“ по теренот. Тој едноставно беше непробоен во одбраната и на крајот одлично го одигра решавачкиот сет.

Ова е јасен показател за кризата во која се наоѓа 36-годишниот тенисер. Последен пат кога загубил три натпревари по ред, поминале 2.542 дена, односно речиси седум години, поради што се погласни се коментарите на социјалните мрежи дека му е време за пензија.

Вториот светски тенисер, Германецот Александар Зверев исто така им приреди шок на своите фанови, откако беше поразен во второто коло во Индијан Велс. Подобар од него беше Холанѓанецот Талон Грикспур, кој славеше со 4:6, 7:6, 7:6, по три часа и седум минути игра.

Неверојатно сум горд. Беше голема ментална битка. Го победив еднаш, но ги загубив следните шест пати, па ова беше и ментален предизвик. Среќен сум што конечно славев победа над Зверев“, рече Грикспур по триумфот над Германецот.

ИЗДВОЕНИ