
Предноста на домашниот терен треба да се покаже како клучна кога се во прашање денешните четвртфинални дуели во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
Благодарение на одличните резултати во актуелната сезона, каталонскиот гигант Барселона важи за голем фаворит пред стартот на дуелот против германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд. За разлика од Барса, „жолто-црните“ играат солидно во ЛШ и променливо во домашниот шампионат, па затоа од четата на Ханси Флик се очекува триумф кој треба да донесе далеку помирен реванш на „Сигнал Идуна парк“.
-Моменталниот тим на Барселона е врв кога станува збор за офанзивата. Тоа е голем проблем за нас, нашата задача е повеќе од комплицирана. Искрено, се радувам што ќе се видам со тренерот на Барселона, Ханси Флик. Прво имавме соработка во РБ Салцбург, а потоа и во Баерн (М). Често пати знаеме да разговараме, да разменуваме мислења и идеии. Се радувам на неговите успеси, но сега е време на нашиот дуел, изјави предводникот на Борусија од Дортмунд, Нико Ковач.
Фаворитска улога има и францускиот гигант ПСЖ кој истата ќе мора да ја оправда во првиот меѓусебен дуел против англискиот премиерлигаш Астон Вила. Популарните „светци“ веќе покажаа дека можат да се носат со англиските клубови, го елиминираа лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул, и затоа се освен триумф на избраниците на Луис Енрике, ќе биде дефинирано како големо изненадување.