Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема интерес за вработување на младите во државните институции поради висината на платата и дека тоа е сериозен проблем.
– За жал, нема интерес за таа плата што е во моментот и овде во Владата и во институциите. Тоа претставува сериозен проблем и не е атрактивно за младите, но ќе продолжиме да бараме сè додека не го испорачаме тоа што им е потребно на граѓаните без разлика на етничката припадност, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци. Се надеваме дека наскоро ќе се доекипираме и дека сè ќе биде како што треба да биде – рече Мицкоски.