Вработена го испраќаше на „чекирање“ пасош – што има врска што е мајмун! Урнебесна случка на аеродромот во Сингапур/ВИДЕО

359

На меѓународниот аеродром Чанги во Сингапур залутал љубопитен мајмун, а камерите ја снимија урнебесната ситуација која за кратко време стана вирална и ги насмеа луѓето ширум светот.

Додека патниците минувале покрај мајмунот како да не го забележуваат, вработена во сина униформа се трудела љубезно да му покаже каде е излезот, пренесува Times Now News.

Повеќето гледачи го пофалија трпението и нежноста што вработената ја покажала во несекојдневната ситуација. Видеото доби десетици илјади лајкови и голем број шеговити коментари.

„Тој ја бараше исчезнатата банана од 6,2 милиони долари“, напиша едно лице, очигледно мислејќи на парчето концептуална уметност неодамна купено, а потоа изедено од крипто-бизнисменот, Џастин Сан.

„Не е важно дали е човек или животно, важна е љубезноста“, друг од корисниците го пофали односот на симпатичната вработена.

@thesingaporeanson Monkey wants to check-in for his flight… #singapore ♬ original sound – The Singaporean Son