Токсичниот смог предизвика денеска доцнење на летовите на аеродромот во Њу Делхи, а апликацијата за следење летови „Flightradar24“ покажува дека 88 отсто од полетувањата и 54 отсто од пристигнувањата се одложени, пренесе Ројтерс.
Официјалните лица за појавата на густиот смог, кој ја намали видливоста на меѓународниот аеродром на 300 метри, го обвинија високото ниво на загадување, во комбинација со влажноста и намалениот ветер.
Смогот го покри и познатиот индиски споменик на љубовта, Таџ Махал во градот Агра, како и најсветото светилиште на сикизмот, Златниот храм во Амритсар.