Во Козенца, град на југот на Италија, денеска претпладне лажна медицинска сетра киднапирала новороденче.
Како што пишува италијански Илмесагеро“, жена чие лице било делумно покриено со маска влегла во клиниката Сакро Куоре, во самиот центар на градот, и ја грабнала Совија Кавото, стара само еден ден.
🚨Oggi pomeriggio a #Cosenza è stata rapita una bambina ad una mamma che aveva appena partorito.
Questi due soggetti nel video sono i rapitori
Per favore fate girare!! Aiutateci a ritrovarla.@Zelgadis265 @SimoTarantino__ @Agenzia_Ansa @tancredipalmeri pic.twitter.com/yVimzUmOsT
— ⭐️ 20⭐️ (@En1nter) January 21, 2025
На местото на инцидентот веднаш пристигнала полиција. Според првичните информации, жената се претставила како медицинска сестра, ѝ пришла на мајката и ѝ кажала дека мора да го однесе бебето кај педијатар. Потоа ја напуштила клиниката. Кога бебето не било вратено, мајката и бабите се загрижиле и ја алармирале полицијата.
„Украдено е тукушто родено бебе во Сакро Куоре. Жената која го грабнала е ниска и има плетенки. Рекла дека веднаш ќес е врати, а кога не се вратила, мајката се вознемирила. Биле прегледани надзорните камери и се видело дека пред клиниката ја чека темнокож маж со детско седиште во автомобилот. Го ставиле бебето во автомобилот ѝ заминале. Засега тоа се единствените достапни информации“, пишува во апелот на социјалните мрежи.
„Фотогеафиите од надзорните камери веќе се споделени. Бебето било облечено во облектата што се гледа на фотографијата. Ве молиме, максимално споделувајте, помогнете ни“, се додава.