Возило полно со канистри со гориво експлодирало во близина на хотелот на Трамп во Лас Вегас

68
screenshot

Американската полиција ја истражува експлозијата на сајбер камион Тесла пред хотелот на Трамп во Лас Вегас. Во него имало многу канистри со гориво и ракети за огномет.

Возачот загинал, а седум лица се полесно повредени, соопшти полицијата.

Тесла Сајбертрак бил изнајмен во Колорадо и пристигнал во Лас Вегас во средата наутро, помалку од два часа пред детонацијата, соопшти полицијата.

Паркирано надвор од хотелот во близина на стаклениот влез, возилото прво почнало да чади, а потоа експлодирало.

Полицијата истражува дали има некаква поврзаност со нападот во Њу Орлеанс, каде утрото на Нова година загинаа 15 лица, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Шерифот Кевин Мекмахил, началникот на полицијата во Лас Вегас, на прес-конференција покажа драматични снимки и фотографии од експлозијата. На една од нив се гледа дека возилото е паркирано пред влезот на хотелот.

Неколку секунди подоцна се слуша експлозија, а во неколку правци пука огномет.

Пожарот избувна околу 08:40 часот по локално време (15:40 по Гринич), само неколку часа откако маж со знаме на Исламската држава влета во толпата во Њу Орлеанс, при што загинаа најмалку 15 луѓе.

ФБИ треба да утврди дали нападот во Њу Орлеанс бил режиран од ИСИС

Освен тоа, полицијата истражува дали има поврзаност помеѓу овој инцидент, како и дали има врска со Доналд Трамп, кој е сопственик на хотелот и Илон Маск, сопственикот на компанијата Тесла, која го произведе возилото.

„Тоа се очигледни прашања на кои треба да одговориме“, рече Мекмахил.

Пожарот бил брзо изгаснат, соопштија претставници на противпожарната служба во Лас Вегас.

Хотелот, кој е делумно во сопственост на компанијата на Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на Америка, е евакуиран.

Надлежните ги повикуваат граѓаните да се држат настрана од областа.

ИЗДВОЕНИ