„Вози право, вози здраво“ по скопските улици

168

Центарот на Скопје денеска беше преплавен со велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички и со други превозни средства што не ја загадуваат животната средина и нудат алтернативни опции за здрав живот.

Станува збор за најмасовниот ревијален настан на тркала – „Вози право, вози здраво“, во организација на Стопанска банка АД – Скопје.

Стартот на трката беше во 11 часот, пред Порта „Македонија“, а возењето заврши во Градскиот парк, со голема забава на отворено.

Осмото издание на „Вози право, вози здраво“ се одржува во јубилејната година на Стопанска банка, кога се одбележуваат 80 години од нејзиното основање.

Големиот јубилеј е отсликан и во наградите за лотаријата, во рамките на која беа доделени по осум награди во 10 категории: Specialized велосипеди за деца и за возрасни, Specialized заштитни кациги, тротинети, Garmin паметни часовници, ролерки, спортски ранци, хамоци, JBL-слушалки и Stanley термоси. Покрај лотаријата, за учесниците имаше организирана забава со уникатните 5+ фамилија, диџеј, забавни и спортски активности, освежување и подароци – пластични шишиња, торби за велосипеди и маички.

Настанот е наменет за забава, дружење и промоција на здравите животни навики.