Скопје во моментот се најде на третото место, меѓу најзагадени градови во светот. Според листата на IQAir воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост е 170.
На листата на IQAir , пред Скопје се само Лахоре во Пакистан и Сараево во Босна и Херцеговина со индекна загаденост од 246.
Во моментов, според платформата, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“.
Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 83 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 83,9 микограми на кубен метар.
Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е речиси 16,6 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).