ВОЗДУХОТ Е ОПАСЕН ЗА ДИШЕЊЕ: Скопје вечерва четврти најзагаден град во светот

1071

Скопје вечерва се најде на четвртото место, меѓу најзагадени градови во светот. Според листата на IQAir воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост е 181.

На листата на IQAir , Скопје се најде по Лахоре во Пакистан, Делхи во Индија и Ханој во Виетнам.  Во моментов, според платформата, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“

Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 99 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 129 микограми на кубен метар.

Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е речиси 20 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).